Дупката во Автокоманда веќе не е дупка, уште колку останаа незакрпени?

Конечно е закрпена дупката на надвозникот во Автокоманда која подолго време претставуваше опасност за граѓаните кои преку неа минуваа со автомобили и со велисипеди. Сега, голема дупка созададена од пропаѓањето на асфалтот и во која се гледаше дури и железната шина е пополнета со асфалт. Убаво!

Но, сега останува прашањето: мораше ли да се чека толку долго време за да оштетувањето на надвозикот биде поправено? Големата дупка предизвика и повредување на еден граѓанин кој возел велосипед, а за што деновиве информираше и „Скопско ехо“. Ваквите оштетувања на прометните сообраќајници мора веднаш да се санираат од надлежните служби.  

А уште колку дупки не се закрпени низ Скопје?

Претходна вестПроменливо облачно време, попладне со услови за слаб дожд
Следна вестБугарското МВР формира штаб за борба против купување на гласови на изборите