Два пратеника во скафандери ќе гласаат во Собранието

Со цел да се обезбедат доволен број на пратеници од страна на опозицијата денеска во Собранието се присутни и двајца народни избраници кои се ковид позитивни. Имено, Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката од истата партија Ангелина Петковска во специјални скафандери влегоа во македонскиот парламент.

Пратеникот Мицевски објасни дека се е по протоколите.

-Го имав во предвид протоколот кој беше донесен, а веќе беше и применет во Собранието во едно претходно гласање, нема ништо неизвесно во однос на нашето присуство и гласање, истакна тој.

Инаку, не така одамна опозицијата поднесе кривични пријави за непостапување според здравствените прописи против Џафери и пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, поради седницата кога двајцата пратеници гласаа изолирани во кабините крај пленарната сала, за пакет економски мерки за справување со пандемијата.

Потоа Комисијата за заразни болести објави дека има протоколи под кои пратеници позитивни на ковид-19 може да гласаат во Собранието, облечени во скафандери и во одвоена просторија во Собранието.

Претходна вестПратеник обвинува дека власта му врши притисок пред гласање, финансиската полиција демантира
Следна вестОпозицијата во потрага по 61-от пратеник, Кастриот Реџепи од Беса најави дека не доаѓа