Уапсени се двајца кумановци бидејќи истепале 29-годишник, а потоа го ограбиле. Против нив ќе следуваат соодветни пријави.
– На 02.11.2023 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Г.Н.(35) и Д.Д.(42), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на улицата „Тане Георгиев“ во Куманово со тврд предмет го нападнале Д.П.(29) од Куманово и му одзеле мобилен телефон, соопшти МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.