Двајца кумановци ограбиле воз, ама…

Фатени крадци кои „оперирале“ во воз. Имено, вчера полицијата привела двајца кумановци под сомневање дека од контејнери на воз украле различни технички делови.

– Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15:30 часот ги лишиле од слобода лицата К.А. и О.Ј. на возраст од 24 и 30 години. Тие се сомничат дека извршиле кражба на Железничката станица во Куманово, при што од контејнери на воз одзеле различни технички предмети, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

 

Претходна вестСо 200 приватни автобуси утре ќе се блокираат „Илинденска“ и Градот Скопје
Следна вестВо Србија се ограничија цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното