Со 200 приватни автобуси утре ќе се блокираат „Илинденска“ и Градот Скопје

Утре од шест часот изутрина со 200 приватни автобуси од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ќе се изврши блокада на Градот Скопје и на десната лента на булеварот „Илинден“, на потегот од објектите на Владата до „МИ-ДА“. Ова денеска го најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

На прес-конференцијата тој рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.

-Причината за блокадата е градоначалничката Данела Арсовска и останатите граѓани да дознаат дека имаме голем број автобуси. Засега не можеме да кажеме до кога ќе бидат поставени таму. Не знаеме дали ќе бидат и за време на викендот. Доколку не се случи ништо, тие од понеделник исто ќе бидат таму. Ќе чекаме некој да се дрзне да се договори со нас и да биде во јавниот интерес. Ако не сака Арсовска, нека најде некои други за да најдеме решение за проблемот, порача Јовановски.

Доколку во текот на викендот не се постигне некаков договор, приватните превозници ќе ќе продолжат со блокадите од понеделник. Тогаш може да се очекува блокирање на крстосниците кај „Мавровка“, кај Црвен крст и булеварот „Илинден“, целосна блокада на Град Скопје, а најава има и за заслување и радикализирање на протестите.

 

Претходна вестВо Кичево падна лото – седумка тешка цели 535.000 евра
Следна вестДвајца кумановци ограбиле воз, ама…