Двајца скопјани предизвикале сообраќајка и ги нападнале полицајците

На 25.04.2023 во 18.20 часот на ул.„.Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обиделе физички да ги нападнат, информираат од МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЛина Ѓорческа елиминирана на стартот од турнирот во Истанбул
Следна вестСончево со малку облаци