Починале 2 пациенти, а новозаразени се 155 лица во Македонија. Ова пред малку го соопшто Министерството за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 51
-Куманово 11
-Дебар 2
-Штип 13
-Прилеп 4
-Тетово 10
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 6
-Кавадарци 14
-Гостивар 22
-Гевгелија 1
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 4
-Македонски Брод 5
-Виница 2
-Кичево 3
-Неготино 2
Починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.