Две приведувања на лица кои поседувале дрога имала вчера скопската полиција. На подрачјето на Бит пазар е приведен 38-годишниот О.С. кај кого е пронајдена прашкаста материја.
-На улица „Востаничка“ во Кисела Вода од слобода е лишен 21-годишниот Д.Ѓ. кај кого била пронајдена марихуана. Против овие лица ќе следи соодветен поднесок, информира полицијата.
Ова се нови случаеви на апсења на лицата заради поседување на опојни средства. Во изминативе недели имало повеќе такви приведувања при што најчестите беа на подрачјето на Градскиот парк и околу скопски Бит пазар.