Две исчезнати деца во Скопје денеска беа пронајдени и вратени на своите семејства две исчезнати деца.
МВР соопшти дека во 11:50 часот на улицата „Стефан Цветковиќ“, близу Народната банка, граѓанин забележал четиригодишно момче со тротинет, кое не зборувало. Околу 14:30 часот, неговото исчезнување било пријавено во Полициската станица Чаир, по што полицијата брзо реагирала и детето било предадено на родителите во Полициската станица Центар.
Во меѓувреме, на Бит Пазар граѓани пронашле петгодишно девојче, кое било однесено во градинката „Фидани“. Откако мајката била контактирана, таа го презела детето и го вратила дома.