Темен режим Режим на светлина

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ срамно ги понижи граѓаните кои со часови чекаа за ваучер за клима-уреди

СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

Најголемата опозициска партија СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се изживува врз граѓаните и ги понижува поради гужвите што се создадоа при чекањето на ваучерите за клима уредите.

-Неспособната ВМРО-ДПМНЕ денеска срамно ги понижи граѓаните кои со часови и во долги редиви чекаа за ваучери за клима уреди. Дури има случај каде што едне човек се онесвестил. СДСМ кога ги доделуваше ваучерите имаше систем без чекање, граѓаните имаа опција по пошта или лично во подолг временски период да ги подигнат. Затоа никогаш досега немаше гужви, соопштија од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека нивниот модел функционирал, а сега ВМРО-ДПМНЕ се правда дека немало време за пошта што воопшто не е точно

Дополнително, како што велат од партијата, од 2017 до 2021 година и градоначалниците на СДСМ имаа огласи за инвертери но никогаш гужви и понижување врз граѓаните никогаш немало.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Две исчезнати деца пронајдени и вратени на семејствата

Следна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Наутрo слаба магла, преку денот сончево време