Несреќата се случила попладнево и била пријавена на Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК.
Управувајќи квадрицикл, две лица попладнево излетале во провалија на патот Попова Шапка – Лешница во близина на бачилото „Лешница“, соопштија од Центарот за управување со кризи. Оттаму велат дека несреќата била пријавена нешто по 16 часот и на местото на настанот веднаш пристигнал тим на Итната медицинска помош.
-Несреќата била пријавена во 16.06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица ‘Попова Шапка’ е добиено известување дека две лица со четвороцикл излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со квадрицикл, но не можело да ги види, ниту да ги слушне откако излетале, информираат од ЦУК.
Засега нема информации за тоа од каков карактер се повредите, но од она што е познато тие веднаш биле пренесени во најблиската болница со возило на Итната медицинска помош за да добијат соодветен и навремен третман за повредите.