Времето денеска променливо облачно со температури до 26 степени

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 12 Целзиусови степени додека максималните ќе се искачат од 15 до 26 степени.

Денеска се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во западните и југоисточните предели од земјата особено попладне ќе има краткотраен локален дожд и услови за ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 12 Целзиусови степени додека максималните ќе се искачат од 15 до 26 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од север. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 25 степени.

УХМР и за утре најавува променливо облачно време и услови за локален повремен пороен дожд и грмежи.

Претходна вестНајдобри кога е најпотребно: Македонските ракометари изборија учество на Светското првенство 2025
Следна вестДве лица се повредени откако со квадрицикл излетале од патот Попова Шапка – Лешница