Две лица се повредени во приватна забна ординација во Гевгелија, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 04.11.2023 во 15.00 часот било пријавено дека во Гевгелија, во приватна забна ординација, при извршување работни задачи со ламба, П.Ј. и Н.Н. се здобиле со изгореници.
-Тие биле пренесени во Општата болница Гевгелија за укажување на лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот, се наведува во информацијата.