Две лица во Скопје пронајдени мртви во својот дом – обдукцијата ќе покаже од што починале

Две лица од Скопје биле пронајдени починати во својот дом, информираaт од Министерството за внатрешни работи.

СВР Скопје објави дека по претходна пријава, во сопствениот дом на улицата „Босна и Херцеговина“ (кај општините Бутел и Чаир) биле пронајдени починати А. М. (58) и С. М. (57).

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.

Претходна вестОхридско Езеро и Студенчишко Блато станаа наше трето водно живеалиште од меѓународно значење
Следна вестСЗО: Децата да не се вакцинираат сега, побогатите да им дадат вакцини на посиромашните земји