Охридско Езеро и Студенчишко Блато станаа наше трето водно живеалиште од меѓународно значење

По Преспанското и Дојранското Езеро, нашата држава го доби и третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење – Охридско Езеро и Студенчишко Блато се впишани во во Светска Рамсар листа, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Заведено под број 2449, подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25.205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини: Охрид, Струга и Дебарца.

Охридско Езеро и Студенчишко Блато на Светска Рамсарската листа значи меѓународно признавање и препознавање на специфичниот и богатиот биодиверзитет и ендемичните и ретки видови како и присуство на голем број на живеалишта и видови од национално и ЕУ значење на ова подрачје. Од друга страна, како што велат, тоа води кон негово помудро и поодговорно управување, подобрување на еколошкиот карактер на подрачјето и заштита на видовите и живеалиштата, поттикнување на научно истражувачки дејности и меѓународна соработка, што, според нив, ќе го зголеми публицитетот и вреднувањето на подрачјето, ќе ја зголеми понудата за еко туризмот во регионот,  а со тоа ќе се отвораат и поголеми можности за социо-економски развој и за финансирање.

Нашата држава ја ратификуваше Рамсарската Конвенција за водни или блатни живеалишта од меѓународна важност во 1991 година

Претходна вестХуманоста на семејството на Верица Белчовска наградена со стан
Следна вестДве лица во Скопје пронајдени мртви во својот дом – обдукцијата ќе покаже од што починале