Две македонски државјанки се обиделе да ги измамамт српските здравствени власт, со тоа пто зеле потвврда за вакцинација, а не се вакцинирале.
Тие во саботата околу пладне во Спортската сала во Врање на главниот пункт, поминале лекарски преглед и добиле потврда за вакцинација, но место да се вакцинираат, си заминале.
Подоцна двете жени на возраст од 54 и 40 години биле запрени на граничниот премин Прешево и биле уапсени, а по сослушувањето добиле казна да пплатат по 500 евра.