Две жени повредени на патот Маврови Анови – Гостивар

Две жени се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Маворви Анови – Гостивар. Жените се повредиле откако возилото ско кое се возеле излетало од патот.

– Вчера, во 14.45 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Маврови Анови – Гостивар, во близина на мавровската крстосница, патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј. Ј.(64) од гостиварско Беловиште, излетало од коловоз.

Во несреќата сопатничката Б. Ј. (65) од истото село добила тешки телесни повреди, а сопатничката Е. Н. (66) од гостиварско Здуње телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, информираат од МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Претходна вестДенови на македонската литература и култура во Торонто
Следна вестЗарем ниту еден пратеник од СДСМ не ги виде анкетите за „францускиот предлог“?