Џефри Сакс: Флертуваме со третата светска војна

Познатиот економист Џефри Сакс изјави дека војната во Украина започнала пред осум години и дека ова не е прва година од војната, туку деветта и дека таа се повеќе ескалира. Според него Пентагон постојано го предупредувал Вашингтон дека се зголемува можноста од нулеарна војна.

– Во меѓувреме, папата Франциско веќе оцени дека со војната во Украина започна светска војна. Сега имаме војна во Украина, Израел го бомбардира Иран, Америка и Кина се на работ на директна конфронтација поради Тајван. Ова се навистина опасни времиња и ако ова ескалира, ние веќе флертуваме со третата светска војна, изјави Сакс за Политика при неговата посета на Белград како гостин на Центарот за меѓународни односи и одржлив развој.

Тој смета дека има излез од кризата и дека тоа значи дека САД ја менуваат својата надворешна политика, како и дека околу 150 земји во светот кои не се во НАТО и не се сојузници на САД, не сметајќи ја Русија, ќе го кренат својот глас во Генералното собрание на ОН и ќе побараат итен крај на војната и почеток на мировни преговори, пренесе Танјуг.

Претходна вестШаќири: Договорите на наставниците од МИГ биле до 31 декември, чекаме на позитивно мислење на Финансии
Следна вестУапсен дилерот Ариф Алили кој избега од затвор