Еден загинат и еден тешко повреден во сообраќајка кај „Бриколаж“, ги удрило возилото додека менувале гума

Едно лице загина а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на бул. „Киро Глигоров“  кај продавницата „Бриколаж“.

МВР информира дека според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне Н.С. (29) од Скопје.

-Додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје, кој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото, се наведува во соопштението.

На местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Возилото „форд фиеста“ е пронајдено на бул „АСНОМ“. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вест„Визер“ прекина четири авионски линии од Македонија кон Финска, Данска, Италија и Германија
Следна вестОбвинителот Јовески и одговори на Грковска: Директно  се мешате во работата на Јавното обвинителство, не изнесовте ниту еден аргумент