Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера попладне на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Свети Еразмо, соопшти полицијата.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека во несреќата учествувале три патнички возила, две со охридски и едно со струшки регистерски ознаки.
– Околу 16 часот и 40 минути на магистрален пат Охрид-Кичево се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од Струга и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид, изјави Димоски.
На местото на несреќата починал возачот Р.А., а повредени се пет лица, кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ и во охридската Општа болница.
Увид на местото на незгодата извршиле полициски екипи.