Полициска акција во Скопје, пронајдено оружје, муниција и дронови

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне заедно со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ реализираа голема акција во Скопје.

Во акцијата, како што информираат од полицијата, се лишени неколку криминалци осомничени за тешки кривични дела.

При претресите во нивните домови биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети поврзани со извршени кривични дела.

Повеќе информации за акцијата се најавуваат за денеска.

Претходна вестОблачно и ветровито време
Следна вестЕден загинат и петмина повредени во сообраќајка кај Свети Еразмо