Единаесетмина возеле без дозвола, десетмина зборувале на телефон…

Возачите на скопското подрачје и вчера направиле голем број на најразлични сообраќајни прекршоци. Полицијата денеска соопшти дека вкупно биле изречени 169 санкции.

-Меѓу нив за возење над дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени биле и 10 казни за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возач почетник, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Претходна вестДен за светецот: Свети Јоаким Крчовски – просветител, свештеник и автор на првата печатена книга на македонски народен јазик
Следна вестБитолчанка нудела сексуални услуги на Широк сокак, во период кога имало голем број шетачи