Едностраните потези на Косово ќе имаат последици, вели Ескобар

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека на Косово му е сосема јасно дека не може да направи унилатерални потези и да го спроведе указот на Централната банка на Косово за забрана на српскиот динар и дека таквите потези би имале последици. Ескобар кажал дека САД биле подготвени да помогнат во решавањето на овој проблем, но под услов Србија и Косово да се вратат на дијалогот.

Според американскиот претставник, многу од прашањата што ги оптоваруваат односите меѓу Србија и Косово би можеле да се решат со формирање заедница на српски општини на северот на Косово.

Tој потенцира дека Соединетите Американски Држави целосно го поддржуваат дијалогот под покровителство на Европската унија и вложуваат максимални напори тој да продолжи, како и дека дијалогот е единствениот канал за решавање на „билатералните прашања“.

– Зад тоа стојат нашата техничка и економска поддршка, како и нашето политичко влијание, бидејќи на крајот на денот, нашите најголеми аспирации се Косово и Србија да влезат во Европската унија и да развиваат мирни, продуктивни и ефикасни билатерални односи во меѓувреме, рече Ескобар.

Претходна вестАрхивите на меѓународното кривично судство и ноќните мори на Али Ахмети
Следна вестГолем напредок во медицината: Тест на крвта може да предвиди деменција до 15 години пред да се појават симптомите