Ех, колку би било убаво и другите служби вака ревносно да работат…

Да најдеш слободно место за паркирање во центарот на Скопје е неретко многу тешка работа. А ако пак не најдеш и се паркираш каде ќе ти текне, е тогаш работата ти станува уште потешка. Доаѓа пајакот…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со полицијата за седум дена санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 18.12. до 24.12.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 127 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 110 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, велат од ЈП ПОЦ.

Добро е што се воведува ред. Добро е што оваа општинска служба е ревноста во извршување на својата работна задача.

Ех, колку би било убаво и другите општински, но и градски служби во Скопје вака исполнително да работат.

Претходна вестБорел: Гласачите, поради страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ
Следна вестВладата во заминување пред дилема: Ќе се удави ли договорот за ХЕЦ „Чебрен“ во неодговорените прашања?