Елмас и Наполи денес напладне во Нион ќе го добијат ривалот во четвртфиналето на ЛШ

Денес на пладне во Нион, ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето во Лигата на Шампионите. Она што е посебно интересно е против кого ќе игра Наполи, бидејќи нашиот фудбалер Елиф Елмас има и тоа како важна улога во овој тим за кој многумина типуваат дека е новиот шампион на Италија.

Инаку во ждребот ќе учествуваат 8 екипи, три од Италија – Наполи, Интер и Милан, две од Англија – Манчестер Сити и Челзи, и по една од Шпанија – Реал Мадрид, Германија и Баерн Минхен, и Португалија – Бенфика.

Мечевите од четвртфиналето ќе се играат на 11 и 12 април, потоа на 18 и 19 април.

Нешто подоцна во текот на денот ќе се одржи и ждрепката за Лигата на Европа во која ќе учествуваат доста познати екипи. Некои од нив се : Феенорд – Холандија, Јувентус – Италија, Леверкузен – Германија, Манчестер Јунајтед – Англија, Рома – Италија, Севилја – Шпанија, Спортинг- Португалија, Унион – Белгија.

За крај, денеска во Нион ќе се одржи и ждрепката за четврт финалето во Лигата на Конференции. А, ова се екипите кои се очекување на ривалите: Андерлехт – Белгија, АЗ Алкмар – Холандија, Базел – Швајцарија, Фиорентина – Италија, Гент – Белгија, Лех Познањ – Полск), Ница – Франција, Вест Хем – Англија.

Натпреварите од четвртфиналето во ЛК ќе се играат на 13 и 20 април.

Претходна вестХимната „Денес над Македонија се раѓа…“ пред 31 година прв пат згрмела пред странска делегација
Следна вестМатурантите и студентите на протест, се бара полесна државна матура и подобар студентски стандард