Елмас: Никој во клубот не зборува за титулата

Наполи направи уште еден чекор на патот до титулата во Аерија А. Наполитанците славе на гостувањето кај Сасуоло со 2:0 и со натпревар повеќе, на челната позиција, имаат 18 поени повеќе од Интер.

Мечот на „Мапеи“ стадионот го решија двајцата најдбри во тимот на Наполи, Кварацхелија и Осимен. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра решиси целиот натпревар. По мечот откри дека никој во клубот не зборува за Скудетото, кое последен пат во Неапол се славеше во ерата на Диего Марадона.

– Се уште не го изговараме зборот „Скудето“, има уште многу натпревари за играње. Максимално сме фокусирани. Среќни сме поради победата, Сасуоло на претходните мечеви ги победи Милан, Лацио и Аталанта и беше тешко, вели Елмас

Претходна вестMразот на Антарктикот достигна нов најнизок рекорд
Следна вестЛефков: Блиски луѓе на Груби трупаат милиони додека народот осиромашува и моли за лек