Mразот на Антарктикот достигна нов најнизок рекорд

Ветерот и топлиот воздух ја намалиле покриеноста на водата со мраз на само 1,91 милиони квадратни километри. Морскиот мраз на Антарктикот достигнал историски минимум, од 1970-та година од кога сателитите за мерење на мраз почнале да ја мерат покриеноста на водата со мраз.

Ветерот и топлиот воздух ја намалиле покриеноста на водата со мраз на само 1,91 милиони квадратни километри, според последните мерења од 13-ти февруари, пренесува „BBC“.

Истражувачки, кружни и рибарски бродови покажуваат слична слика околу континентот, додека повеќето делови практично се без мраз, додека само во Веделово море доминира ледена покривка.

Се проценува дека овогодишниот рекорден минимум на морскиот мраз е под влијание на необично високите температури на воздухот на западот и истокот на Антарктичкиот полуостров, кои се за степен и половина над просекот, како и варијацијата на атмосферскиот притисок околу Антарктикот кој влијае на ветровите кои го окружуваат континентот.

Трите последните рекордни години за ниско ниво на морскиот мраз се случиле во 2017-та, 2022-ра и сега во 2023-та година.

Претходна вестХуманитарен настан во МКЦ за помош на настраданите семејства во Турција и Сирија
Следна вестЕлмас: Никој во клубот не зборува за титулата