ЕСМ: Чекаме на дозвола од Град Скопје, брзо ќе ги поставиме топловодните цевки на мостот „Беласица“

Државното АД ЕСМ денеска извести дека е подготвено, по добиена дозвола од Град Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“.

-Ќе вложиме максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок. Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на почетокот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки, кои се веќе пренеси на локацијата.

Мостот „Беласица“ од саботата, 2 септември, е отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од ЕСМ велат дека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи.

Мостот „Беласица“ беше затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар.

Претходна вестЗагина 75-годишен маж, изгубил контрола над тракторот и се превртел
Следна вестТројца скопјани искасани од кучиња