Темен режим Режим на светлина

Загина 75-годишен маж, изгубил контрола над тракторот и се превртел

75 годишен струмичанец изгубил контрола над тракторот кој го возел и се превртел. Тој починал на местото на несреќата.

Вчера попладне, во 14.40 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, Струмичко, 75-годишниот П. Б. од село Дабиле, управувајќи трактор „имт“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од добиените повреди П. Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Малолетник прегазен во Скопје, тешко повреден однесен во болница

Следна објава

ЕСМ: Чекаме на дозвола од Град Скопје, брзо ќе ги поставиме топловодните цевки на мостот „Беласица“