Тројца скопјани искасани од кучиња

Вчера, во 11.30 часот, во Полициската станица Кисела Вода, 59-годишниот П. С. од Скопје, пријавил дека на булеварот Борис Трајковски во Скопје бил каснат од куче скитник, соопштија од МВР.

Исто така вчера, во 13.20 часот, во Полициската станица Карпош, С. Т. (58) од Скопје пријавил дека на улицата 692 во Момин Поток – Скопје бил каснат од куче скитник.

На 4.9.2023, во 18 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, В. Ј. (26) од Скопје пријавил дека на улицата Лука Геров во Скопје бил каснат од куче скитник, соопшти МВР.

Претходна вестЕСМ: Чекаме на дозвола од Град Скопје, брзо ќе ги поставиме топловодните цевки на мостот „Беласица“
Следна вестЈунајтед Груп ја назначи Александра Делвенакиотис за Потпретседател на Групацијата за корпоративни работи