Еврејската заедница најави кривична пријава за името „Цар Борис Трети“ на бугарскиот клуб во Охрид

Кривична пријава за името на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид ќе поднесе Еврејската заедница од Македонија, најави претседателот Пепо Леви.

Еврејската заедница, како што изјави Леви за Тв Сител, остро се спротивставува на повампирувањето на ликови од фашистичкиот период на Бугарија.

– По таква една личност да се регистрира културен центар, тоа е директна провокација. Тоа е на одреден начин враќање во фашизмот. Не може фашизмот на таков начин на голема врата да се враќа во Македонија, тоа е недозволиво. Ние ќе поднесеме и кривична пријава до Обвинителството, изјави Леви за Тв Сител.

Бугарски културен центар што го носи името на Цар Борис III ќе биде отворен на 7 октомври во Охрид, на само 4 дена пред одбележувањето на Денот на востанието на македонскиот народ, токму против фашистичкиот окупатор. Специјален гостин на отворањето ќе бил бизнисменот д-р Милан Врабевски, со чија финансиска помош е отворен клубот.

Најава за отворањето на бугарски културен клуб со името Цар Борис III предизвика многу полемики во македонската јавност. Се дозна дека охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но со писмена дозвола од синот на Царот Борис III, Симеон Саксобурготски, поранешен премиер на Бугарија.

Во бугарската историографија Борис III е познат и како „Цар Обединител“, зашто во соработка со Силите на оската во Втората светска војна Бугарија се проширува во границите на Санстефанска Бугарија, кратко, до капитулацијата на Бугарија.

Gолеми полемики во Македонија предизвика отворањето на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов, а сега и во Охрид клуб со име на негативен историски за Македонија.

Претходна вестКазнети 196 возачи, 25 возеле без дозвола
Следна вестНајмалку 174 загинати навивачко стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија