Најмалку 174 загинати навивачко стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија

Бројот на загинати во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија се искачи на 174, од кои повеќето беа прегазени до смрт откако полицијата употреби солзавец за да ги разбие немирите во саботата. Немирите избувнаа откако натпреварот заврши во саботата навечер кога домаќинот Арема ФК од градот Маланг во Источна Јава загуби од Персебаја од Сурабаја со 3-2.

Заменик увернерот на Источна Јава, Емил Дардак за локалните медиуми изјави дека бројот на загинати се искачи на 174, додека повеќе од 100 повредени луѓе се на интензивно лекување во осум болници, од кои 11 се во критична состојба.

Вечерта по натпреварот, разочарани по поразот на нивниот тим, илјадници поддржувачи на Арема, фрлаа шишиња и други предмети кон играчите и фудбалските службеници. Навивачите го преплавија теренот на стадионот во знак на протест и побараа управата на Арема да објасни зошто по 23 години непоразени домашни натпревари, овој натпревар заврши со загуба, велат очевидци.

Началникот на полицијата во Источна Јава, Нико Афинта изјави дека прво имало бунт а потоа ситуацијата станала анархична.

Првата фудбалска лига на Индонезија ги прекина натпреварите на една недела по натпреварот, кој Персебаја го доби со 3:2, и беше покрената истрага, соопшти индонезискиот фудбалски сојуз.

-ПССИ жали за постапките на навивачите на „Арема“ на стадионот“, рече претседателот на асоцијацијата Мочамад Иријаван, додавајќи дека инцидентот „го извалка лицето на индонезискиот фудбал“ и дека тие ја поддржуваат официјалната истрага за инцидентот.

Во Индонезија и претходно имало немири на натпревари и насилство на навивачите поради силното ривалство меѓу клубовите.

Претходна вестЕврејската заедница најави кривична пријава за името „Цар Борис Трети“ на бугарскиот клуб во Охрид
Следна вестПорака од прв Национален средношколски самит: Не е пријатно да се учи од стари учебници или да бидете спречени да учите