Европската агенција за превенција на болести препорачува да не се патува на Миконос, Крит, Родос, Санторини…

Европскиот центар за контрола и превенција на болести ги означи јужноегејските острови со темноцрвено на својата ковид мапа по последниот пораст на бројот на нови случаи на корона вирус, и советува да се избегнуваат сите несуштински патувања од и кон регионот.

Во групата од 13 острови влегуваат некои од најпопуларните дестинации во Грција за странските туристи, како Миконос, Санторини и Родос, кои заедно привлекуваат милиони луѓе секое лето.

ЕЦДЦ, која е агенција на Европската Унија, минатата недела го означи со темноцрвено и најголемиот грчки остров Крит.

Претходна вестВо земјава целосно се вакцинирани нешто над 19 отсто од граѓаните – 70 отсто изгледаат предалеку
Следна вестВласта се пишмани за прагот од два отсто – Заев вели може воопшто да нема