Одредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ од денеска почнуваат да важат за сите онлајн платформи кои имаат корисници во земјите членки на Унијата. Досега обврска за почитување на законските правила имаа само оние социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за електронска трговија, кои врз основа на ДСА минатата година Европската комисија ги прогласи за „многу големи онлајн платформи“, јави дописникот на МИА од Брисел.
Од обврската за почитување на ДСА се ослободени само малите и микро претпријатија кои вработуваат помалку од 50 лица и чиј годишен обрт е под 10 милиони евра.
Според извршната потпретседателка за Европа прилагодена на дигиталната ера Маргрете Вестагер, стартувањето на обврските за почитување на правилата од ДСА од страна на сите платформи претставува голема пресвртница во одразувањето на основните вредности и принципи на ЕУ.
–Корисниците, земјите членки и платформите сега можат да ги користат алатките во рамките на ДСА за да формираат побезбеден и потранспарентен онлајн свет, истакна Вестагер.
Еврокомесар за внатрешен пазар Тиери Бретон порача дека ЕУ е целосно мобилизирана за да обезбеди имплементација на ДСА и ги охрабрува сите земји членки да извлечат максимум од новите правила.
Брегзит е „трагедија“ која Британија, сега исто така соочена со нов многу заразен вид на коронавирус, ја лишува од помошта што Европската унија може да ја пружи. Тоа го изјави денеска европск
–Ефикасното спроведување е клучно за заштита на нашите граѓани од нелегалните содржини и за поддршка на нивните права, додаде Бретон.