Фатени крадци од Скопје, краделе чанти од минувачи на улица

Полицијата расчисти две кривични дела тешка кражба на дрзок начин, сторени во Скопје минатиот месец.

На 8 март од слобода бил лишен Љ. А. (20) од с. Батинци, Скопско. Тој се сомничи дека на 13.2.2023, на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во Скопје, со употреба на сила од Н. Б. (50) од Скопје одзел чанта со лични предмети и пари. Исто така, тој се сомничи дека на 20.2.2023, на булеварот Кочо Рацин, заедно со В. А. (19) од с. Батинци, со употреба на сила од С. Д. (61) од Скопје одзеле чанта со лични предмети и пари“, велат од МВР.

Со Љ. А. бил извршен службен разговор, при што ги признал делата. Денеска, во Полициската станица Бит-пазар бил повикан и В. А., со кого исто така бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестАД ЕСМ: Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен од мрежа
Следна вест52-годишна Холанѓанка пронајдена мртва во својот дом во Скопје