ФИФА: Немаше местенки на Светското првенство во Катар

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека по спроведената истрага утврдиле дека на Светското првенство во Катар немало наместени натпревари.

Работната група за интегритет на ФИФА имаше задача да ги истражи сите 64. натпревари одиграни на Светското првенство за да открие каква било несоодветност или обид за манипулација. Истрагата била насочена на легалниот обложувачки пазар, а биле спроведени и бројни анализи низ повеќе јурисдикции и прегледан е надзорот на местата на кои се одржуваа натпреварите.

На крајот од истрагата било констатирано дека немало манипулации за време на Светското првенство во Катар. ФИФА додаде дека ќе продолжи да работи со членовите на Работната група за интегритет за да ги заштити идните натпреварувања, почнувајќи од Светското првенство за жени во 2023 година.

Претходна вестПожар во ТЕЦ Осломеј, електраната е исклучена
Следна вестМицкоски со честитка до католичките верници по повод Божиќ