Филипче: До крајот на неделава очекуваме подобра слика за состојбата со Ковид-19

И покрај денешниот рекорден број на новозаразени од вирусот во еден ден, министерот за здравство, Венко Филипче истакнува дека има позитивни прогнози за состојбата со Ковид-19 во Македонија до крајот на оваа недела.

-Прогнозите се дека ќе имаме многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во земјава до крајот на оваа недела, но ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден, истакна Филипче.

Тој појасни дека очекувањата се врз основа на сите податоци кои сега ги имаат – бројот на заболени, времето кога се дијагностицирани и мерките кои освен рестрикцијата на терен се спроведуваат во детална анализа на контактите и следните контакти, и дека на крајот на оваа неделата ќе има резултати.

Претходна вестТачи: Османи и ИВЗ се виновни за ситуацијата, направија притисок да се отворат џамиите
Следна вестПукање на улица во Чаир, полицијата пронашла чаури