Тачи: Османи и ИВЗ се виновни за ситуацијата, направија притисок да се отворат џамиите

Неодговорноста на Бујар Османи и на поранешната и сегашната Исламска верска заедница, кои направија огромен притисок за да се отворат џамиите за Рамазан Бајрам, се главните виновници за оваа ситуација, изјави денеска Мендух Тачи, лидер на ДПА. Тој потенцира дека постои индивидуална одговорност за големиот број на заразени со Ковид-19.

-Тие што сакаат да печалат политички поени, а и сегашната Исламска верска заедница материјални добивки, за тоа што правеа огромен притисок треба да се чувствуваат сега одговорни. Тие се единствените одговорни за оваа ситуација, рече Тачи.

Лидерот на ДПА пред минатомесечната прослава на Рамазан Бајрам бараше да се воведе карантин од четири дена по примерот на Турција бидејќи пандемијата се уште не поминала. Но, тој предлог надлежните не го прифатиле.

Тачи сега апелира да се почитуваат правилата за спречување на ширење на коронавирусот.

– Иако правила не се баш добро прифатливи и знаеме дека е тешко да се останува дома повеќе од 48 часа, но нема друг начин. Се надевам дека следната недела ќе излеземе од оваа ситуација, рече Тачи.

Претходна вестБислимовски: Ако ЕВН не ги коригира сметките, ќе преземеме санкции
Следна вестФилипче: До крајот на неделава очекуваме подобра слика за состојбата со Ковид-19