Бранот на корона вирусот се уште трае иако две од четирите жаришта – во Штип и во Тетово – спласнуваат. Ова пред малку го соопшти министерот за здравство на прес конференцијата која се уште трае. Тој истакна дека сега се сконцентрирани на преносот на заразата во Скопје.
-Жариште е општина Чаир и таму проблем со кој се соочуваме е што не се кажуваат контактите и што не се даваат вистините податоци, посочи Филипче.
Тој потенцира дека пред Македонија стои уште долга битка против корона вирусот од кој во изминатово деноноќие заболеле 175 граѓани, а петмина починале.
-Мора да се научиме да живееме со вирисот и да се почитуваат превентивните мерки. Мора да се кажуваат точни информации. Имаме неколку случаеви во кои заради давање на неточни податоци во изолација мораше да отидат здравствените работници, нагласи тој.
Министерот останува на ставот дека стратегијата во борбата со вирусот е добра.
-Стратегијата е добра, таа се надоградува. Нема да има нови ограничувања. Полицискиот час е на некој начин модифициран. За сега нема потреба да се воведат дополнителни мерки од тоа што е на терен, истакна тој.