Филипче: Лесната форма на болеста може да се лекува дома, но при влошување пациентите да се упатат во болница

Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови, тоа секако треба да биде под контрола на матичен лекар, но при влошување на состојбата треба навреме пациентите да се упатат на болничко лекување. Ова го советува министерот за здравство, Венко Филипче.

-Многу е битно да знаат граѓаните дека и при најмало влошување на состојбата, по препорака на матичен лекар, пациентите треба да се јават во болница. Има болнички капацитети, изјави Филипче.

Министерот истакна дека огромен дел од смртноста кај заболените пациенти е поради тоа што доцна се јавуваат на болничко лекување и дури 50% од смртните случаи се по првите неколку денови од приемот во болница. Поради тоа е неопходно по влошување на симптомите, пациентите веднаш преку матичен лекар да се јават за болничко лекување.

-Има многу  случаи во коишто има влошување на состојбата во домашни услови, има влошување на состојбата и додека се пациентите во болница. Мора да знаат сите дека и најмало влошување треба да се земе крајно сериозно, треба да е сигнал за да се хоспитализира пациентот, истакна министерот.

Претходна вестСе полни касата: 24.155 граѓани казнети по 20 евра за неносење маска
Следна вестЗгасна СЈО, многу се очекуваше од него, многу разочара