Се полни касата: 24.155 граѓани казнети по 20 евра за неносење маска

Од страна на полициските службеници досега во Македонија констатирани се вкупно 24.155 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 361 прекршоци во изминатото деноноќие, соопшти денеска Наќе Чулев, министер за внатрешни работи. На својот профил на Фејсбук Чулeв наведе дека полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Ковид19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата. Казна за ваков прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.

-Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 115 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата,се наведува во информацијата.

На територијата на целата држава на вкупно 522 лица им се издадени решенија за изолација, а 7 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Претходна вестСончево и топло до 35 степени
Следна вестФилипче: Лесната форма на болеста може да се лекува дома, но при влошување пациентите да се упатат во болница