Темен режим Режим на светлина

Сончево и топло до 35 степени

Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Сончево и многу топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер, предвидуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата држава. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ – индексот ќе биде 9.

До среда ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сунчица Уневска дел од меѓународното жири за најдобри арапски филмови

Следна објава

Се полни касата: 24.155 граѓани казнети по 20 евра за неносење маска