Филипче: Системот функционира, денеска пристигнуваат 2.000 кинески вакцини

Две илјади кинески вакцини ќе се добијат денеска за вакцинација на нашите граѓани против корона вирусот, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој објасни дека вакцините ќе пристигнат на аеродромот во Софија, а со наше возило ќе бидат допремени во Скопје.

-Овие дози ќе бидат додадени на сегашниот систем за вакцинација. Хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, а во секоја возрасна категорија над 50 години е огромна бројката на пациенти со хронични болести. Апелирам да има трпение, системот функционира, рече Филипче на денешната прес-конференција во спортската сала „Борис Трајковски“.

Министерот најави дека наскoро ќе биде ограничена висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од корона вирус.

– Денеска на главниот координатор на кризен штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со кој на приватните болници ќе се направи ограничување на висината на наплата додека трае кризата, поточно за лекување на корона вирус. Веќе утре на Влада ќе го поднесеме предлог-законот за здравствена заштита, рече Филипче.

Министерот истакна дека досега 25.000 граѓани се вакцинирани против ковид-19. 

– Забележуваме пад на трендот на новозаразени во последниот период, во последното деноноќие имаше околу 300 новозаразени, иако, очекувано беше бројката да биде мала за време на викендот. Сепак, целосната слика ќе ја видиме во утрешната статистика, истакна министерот.

Претходна вестУапсени две лица кај патарината Сопот, во возилото имале голема количина хероин
Следна вестOрганизатори на настани ќе си организираат сопствени протести пред Владата