Уапсени две лица кај патарината Сопот, во возилото имале голема количина хероин

Две лица се приведени од страна на полицијата во акцијата која што се случила вчера кај патарината Сопот на автопатот Скопје – Велес.

-Полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А.К.(44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „Опела зафира“, во кое сопатник бил А.Т.(30) од Прилеп, бидејќи при извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин, информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по насока на Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

Претходна вестАдеми се повреди, се стравува од можна скршеница на стапалото
Следна вестФилипче: Системот функционира, денеска пристигнуваат 2.000 кинески вакцини