ДУИ: 1.300 барања за државјанства од Албанци се во процедура, Села манипулира со високи бројки

Не се ни 70.000 ни 7.000. Бројот на барањата за државјанства кои се во процедура се нешто над 2.600 од кои помалку од 1.300 се од Албанци.

-Во периодот од 1991 до 2021 година, односно за 30 години од независноста, со македонско државјанство се стекнале 43.321 Албанец, а одбиени се 3.374 барања. Во постапка за државјанство се над 2.674 барања, од кои помалку од половина, односно помалку од 1.300 се поднесени од Албанци, рече пратеникот Арбер Адеми од ДУИ.

Тој рече дека за неколку дена од опозицијата излегле со дијаметрално спротивни ставови на нивните претходни партиски ставови и го посочи Зијадин Села, кој во некои медиумски настапи манипулира со 70 илјади кои немаат државјанство, а потоа со 7 илјади.

Тој ја повика повика албанската опозиција да престане со манипулација на чувствата на Албанците и да ја игра улогата на вистинска опозиција.

Претходна вестТопло-ладно со цените на бензините: Поскапеа за денар, сега поевтинуваат за половина
Следна вестУште 30 дена притвор за Камчев