Владата го објави списокот со хонорарци – сумите се од 14.500 до 60.000 денари

На владиниот список на хонорарци со авторски договори за тековната 2021 година што денеска го објави Владата, се наоѓаат 55 лица.

Највисокиот месечен надоместок изнесува 60.000 денари, за „анализа на информации и податоци за изготвување извештаи со елаборирање – Претседател на ИКТ совет“.

Втор по висината е хонорар од 53.000 денари, за „координација на активностите поврзани со регионалната економска интеграција на Република Северна Македонија (ШЕРПАС) со позиција – национален координатор за МАП и РЕА, како и поддршка на активностите на тимот за скрининг и преговори“.

Најнизок хонорар од 14.500 денари зема толкувач на знаковниот јазик на прес-конференциите.

Лицето кое не зема надомест е за анализа на информации и податоци за изготвување на извештај со елаборирање од областа на енергетиката.

Објавувањето на листата следува по новинарското истражување на „Призма“ (БИРН).

Од Владата рекоа дека досега не ги објавувале имињата за да го заштитат интегритетот и приватноста на ангажираните лица и најавија минатата недела дека по консултација со надлежни институции ќе го објават списокот.

Претходна вестСе преврте фабрички автобус на патот Битола- Кичево
Следна вестДали референдум ќе ги спаси скопјани од бетонските облакодери кај „Холидеј ин“?