Променливо облачно со повремен дожд

Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во другите краишта од Македонија се очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

Претходна вестИзложба на Сашо МИлевски во КИЦ од 14 до 28 април
Следна вестНови поместување на термините: Вакцините на „Фајзер“ ќе ги чекаме до јуни, а кинеските и руските…