Изложба на Сашо МИлевски во КИЦ од 14 до 28 април

Од 14 до 28 април во Културно-информативниот центар ќе биде отворена изложбата на слики „Излез од темнината“ од Сашо Милевски.

Љубителите на овој тип на уметност ќе можат да уживаат во 25 дела работени во техника акрилик на платно, насликани од 2019 до 2021 година.

Сашо Милевски (1987) е роден во Битола. Дипломирал и завршил постдипломски студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Со сликарство активно се занимава од 2015 година.

Претходна вестДали референдум ќе ги спаси скопјани од бетонските облакодери кај „Холидеј ин“?
Следна вестПроменливо облачно со повремен дожд