Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години изложени во МСУ

„Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“, е името на изложбата која од вчера е отворена во Музејот на современата уметност – Скопје.

-Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-те години, акцентирани преку 70-те години и на некој начин вклопени во 80-те години, вели кураторката на изложбата, Марика Бочварова Плавевска.

-Како своевиден сегмент е всушност потсетник за јавноста врзани за преобразбите што се подготвени да ги почувствуваат и доживеат случувањата во овие две декади. Блискоста на преобразбите е потврдена со самата презентација во која се вклучени 52 автори, преку 80 дела, информираат од МСУ.

Се работи за мултимедијален проект, во кој се застапени сите ликовни медиуми и во поставката изложени се дела од: Родољуб Анастасов, Тодорче Атанасов, Томе Аџиевски, Виолета Блажеска, Богдан Грабулоски, Владимир Бороевиќ, Жанета Вангели, Васил Василев, Иво Велјанов, Кирил Гегоски и многу други. Поставката ќе биде отворена до септември годинава.

Претходна вестПочнува ли конечно посериозното снабдување со вакцини?
Следна вестЕУ се сети на Македонија, од мај ќе ни достави 119.000 вакцини