ЕУ се сети на Македонија, од мај ќе ни достави 119.000 вакцини

Вкупно 119.000 вакцини на производителот „Фајзер“ треба да добие Македонија во период од мај до август годинава како дел од планираните 651.000 дози кои Европската унија ги наменила за Западен Балкан. Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози од овие вкацини во шест балкански земји.

-Со оваа иницијатива покажавме дека не сакаме регионот на Западен Балкан да заостанува зад Европската унија, рекол австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг, пренесува Ројтерс.

Европската комисија во јануари претстави план за механизмот за дистрибуција на вакцините, а Австрија потврди дека таа ќе биде координатор на таа помош за Западен Балкан и дека оваа дистрибуција може да ја следат и други.

Австрискиот министер исто така рече дека вредноста на испораката е 11 милиони евра и дека вакцините ќе се плаќаат од фондовите за помош на ЕУ на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Унијата.

Босна и Херцеговина ќе добие 214.000 дози, а потоа следат Албанија со 145.000, додека за Србија ќе бидат наменети 36.000.

Претходна вестГлавните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години изложени во МСУ
Следна вестТри лица од Македонија во Грција шверцувале дрога, автомат, митралез, куршуми…